FutureOption.net

Туристичка виза за Америка

Туристичка виза за Америка

Ако планирате да ја посетите Америка поради одмор, деловна или семејна посета, потребна ви е (B) туристичка виза. Постојат четири категории на оваа виза:

  • (B-1) виза за патување поради бизнис, присуство на конференции, состаноци или договарање на работа;
  • (B-2) виза за туристичка посета на САД, одмор или посета на пријатели и семејство, како и патување за медицинска нега и лекување;
  • (B-1/B-2) виза - комбинација од претходните две
  • (С) виза за транзит на САД.

Услови за туристичка виза

  • Пополнет и одобрен формулар ДС-160 – онлјан барање за не-иселенички визи (онлјан преку веб страницата на американската амбасадата).
  • Доказ дека планирате да останете привремено во САД.
  • Доказ дека вие или друго лице имате доволно финансиски средства за да ги покриете трошоците за патување и престој.
  • За патување во медицински цели, ќе треба да ја доставите целата медицинска документација, писмо од докторот или здравствената установа во САД за подготвеноста за лекувањето, како и доказ дека ќе бидат платени сите трошоци за лекување и транспорт.

Што овозможува туристичката виза

Туристичка виза ви овозможува да патувате во САД поради бизнис, за учество на состаноци и конференции, за туристичка посета или посета на пријатели и семејство, како и за медицинска нега и лекување. Оваа виза не ви овозможува да студирате или работите, освен во исклучителни случаи со (B-1) визата како личен или домашен работник.

Времетраење на туристичката виза

Туристичка виза се издава на период до 10 години, а должината на престојот за една посета е до 6 месеци од влезот во земјата.

Аплицирање за туристичка виза

За туристичка виза аплицирате преку Амбасадата на САД во вашата земја. Еден од чекорите во процесот на аплицирање е конзуларното интервју.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за туристичка виза е 160УСД, а периодот за обработка на апликацијата варира од случај до случај. Периодот на чекање претставува време до закажаното интервју. Во одредени случаи на интервјуто, официрот може да побара дополнителна обработка што може да трае до 6 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот