Холандија е популарна студентска дестинација во Европа поради врвниот образовен систем, високо ценетите образовни институции и големиот избор на програми на англиски јазик. Околу 70 високообразовни институции нудат околу 2.100 програми на англиски јазик, што е повеќе отколку во другите земји на не-англиско говорно подрачје. Квалитетното образование, како и отвореното и гостопримливо опкружување привлекува околу 120.000 меѓународни студенти годишно, што ја прави популарна дестинација во Европа.
Академската година во Холандија е поделена на два семестри и студиите можат да се започнат во во септември и февруари.
Холандскиот образовен систем е високо рангиран како резултат на квалитетот на образованието што го нуди, високо ценетите образовни институции и студиските програми кои што се нудат на холандски и англиски јазик. Образовниот систем се карактеризира со најсовремени услови и методи на учење и програми што го следат развојот на индустријата. Образованието во Холандија се фокусира на интеракција, тимска работа, истражување, развој на аналитичко и критичко размислување, развој на креативност, учење преку пракса и слично.
Студентите кои доаѓаат од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија можат да работат за време на студиите без ограничувања. Студентите од трети земји можат да работат 16 часа неделно за време на нивните студии или полно работно време за време на летните одмори и потребна им е работна дозвола. Меѓународните студенти можат да останат уште една година по дипломирањето за да пронајдат работа во Холандија.
Школарините во Холандија се умерени во Европа, но се поповолни отколку во земјите на англиско говорно подрачје. Школарините најмногу зависат од образовната институција, земјата на пасош на студентот, како и од самата програма. Меѓународните студенти во Холандија имаат неколку опции за делумно или целосно стипендирање, како што се државните стипендии, стипендиите од министерства, приватните и невладините организации, како и стипендии од образовните институции.
Четиринаесет холандски универзитети се истражувачко ориентирани и една од стратегиите на образованието во Холандија е инвестирање во истражувања и иновации. Истражувањата најчесто се спроведуваат на универзитетите, но еден дел и во рамките на големиот број на истражувачки центри и институти. Покрај современите услови за истражување, Холандија нуди и широк спектар на истражувачки области и мноштво интердисциплинарни опции. Повеќето студенти на докторски студии имаат статус на вработени, т.е. имаат договор за работа со институцијата и добиваат плата.
Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?
Пополни го прашалникот