Европските земји се многу популарни дестинации за студирање, не само поради квалитетното образование и добрите услови за студирање што ги нудат, туку и поради единствената мултикултурна средина, можноста да се научат или да се усовршат странски јазици и да се запознаат нови култури и народи. Покрај разните студиски програми, сите европски земји на меѓународните студенти нудат и опција за учење на јазик. Не постои поефикасен начин да се научи и подобри знаењето на странски јазик и вокабуларот од учењето и живеењето во средина каде што тој јазик се користи секој ден и каде што студентите можат да комуницираат со луѓе чиј е мајчин јазик.
Генерално, европските земји нудат флексибилни опции за учење јазик во јазични школи и образовни институции. Постојат различни видови на курсеви, тие можат да бидат стандардни и интензивни и можат да се комбинираат едни со други. Во зависност од дестинацијата и институциите, курсевите можат да започнат секој понеделник или секој месец, додека некои институции нудат фиксни почетоци неколку пати годишно. Покрај тоа, курсевите за јазик можат да траат од неколку недели до една година.
Генерално најпопуларни типови на курсеви се:
Школарините за јазичните курсеви варираат низ цела Европа, најмногу во зависност од земјата и градот, како и институцијата и типот на курсот. На неделно ниво, школарината се движи од 100 ЕУР до неколку стотици евра неделно.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?
Пополни го прашалникот