Австрија е една од традиционалните дестинации за студирање во Европа, која со векови нуди квалитетно образование и вредни дипломи. Денес, Австрија има над 70 различни високообразовни институции кои нудат над 2.000 студиски програми од сите области на студии, и на германски и на англиски јазик. Квалитетните студиски програми, ценетите квалификации и високиот квалитет на живот ја прават Австрија популарна дестинација за студирање со околу 100.000 меѓународни студенти годишно.
Академската година во Австрија е поделена на два семестри, првиот започнува во октомври и вториот во март. Можно е да се започнат студии во двата периоди на запишување.
Австриските образовни институции имаат одлична репутација за пружање врвно образование и спроведување на најсовремени истражувања. Во Австрија се нудат квалитетни и иновативни академски и истражувачки програми, програми со фокус на практично учење и вештини, современи наставни методи, како и искусни предавачи. Австриските квалификации и дипломи отвораат бројни можности за успешна кариера.
Меѓународните студенти во Австрија имаат право да работат пола работно време, односно 20 часа неделно. На студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија не им е потребна работна дозвола, додека студентите од трети земји потребно е да поседуваат работно дозвола. По завршувањето на студиите, студентите имаат право да останат уште една година за да најдат работа во Австрија и да работат полно работно време.
Школарините зависат од тоа да ли студентот доаѓа од земја-членка на ЕУ или од некоја трета земја, како и од тоа на која образовна институција и кои студии ги запишува. Студиите на државните институции се поефтини од приватните. Меѓународните студенти имаат на располагање опции за стипендирање кои можат да ги олеснат трошоците за студирање и живеење. Постојат неколку различни државни и приватни стипендии, како и стипендии ги ги доделуваат образовните институции.
Денес, Австрија е еден од центрите на современото истражување и иновациите. Образовниот систем на Австрија се заснова на врската помеѓу учењето и истражувањето. Австрија има богата историја на културни и научни достигнувања, од уметноста и музиката па се до инженерството. Истражувачката работа е дел од системот во кој многу се вложува и најголем фокус е ставен на развојот на интердисциплинарно и иновативно истражување, како и на развојот на соработката помеѓу различни институции и проширувањето на мрежата на истражувачи.
Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?
Пополни го прашалникот