FutureOption.net

Бизнис во Америка

Бизнис во Америка

Соединетите Американски Држави имаат поволна клима за започнување на сопствен бизнис. Со поддршка на регулаторно опкружување кое е особено погодно за деловно работење, американската бизнис култура го охрабрува слободното претприемништво и конкуренцијата на пазарот.

Услови за работење

Како стабилна демократија со транспарентен и предвидлив правен систем, САД во склад со законот ги третираат странските и домашните фирми подеднакво. Притоа со население од над 320 милиони и БДП од 20 трилиони американски долари, Соединетите Американски Држави представуваат најголем потрошувачки пазар во светот. Договорите за слободна трговија со 20 други земји им ја отвораат вратата на американските фирми за добар бизнис. Успехот на американскиот пазар е исто така успех на глобално ниво.

Инвестирање

САД е земја со најголем број на странски директни инвестиции во светот. Широкиот спектар на извори на финансирање и пристапот до капитал се главните причини зошто компаниите избираат да инвестираат на американскиот пазар. Со овој вид на деловна политика, можностите кои се нудат, разновидноста, иновациите и продуктивната работна сила, секој бизнис - од стартап до мултинационални компании - ќе најде идеи и ресурси за да успее на пазарот.

Инвеститорска виза за Америка

Инвеститорската виза за Америка овозможува да започнете бизнис, да купите постоечки или да направите инвестиција во Америка.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот