FutureOption.net

Нов Зеланд

Нов Зеланд

Нов Зеланд е островска држава во југозападниот дел на Тихиот океан. Географски, таа е најизолирана земја во светот. Се состои од два големи острови, Северен и Јужен и околу 600 помали острови. Главнен град на Нов Зеланд е Велингтон, а Окланд е најголем.

Официјалните јазици се англиски, маорски и новозеландски знаковен јазик.

Историја

Поради својата изолација, Нов Зеланд е една од последните населени територии во светот. Се претпоставува дека островот бил населен од полинејците во 13 век, развивајќи посебна култура денес позната како Маори.

Првиот Европеец кој го посетил Нов Зеланд во 17-от век беше Холанѓанецот Абел Тасман, но заради непријателското домородно население, дури после сто и повеќе години британскиот истражувач Џејмс Кук ја мапираше целата обала. После таканаречените Мускетните војни, британската влада прогласи суверенитет над територијата на Нов Зеланд во 1840 година, а за целосна независност Нов Зеланд се избори во 1931 година. Независноста на државата беше официјално прифатена дури во 1947 година.

Население и демографија

Нов Зеланд има население од скоро 5 милиони. Во најголем дел, ова е урбана земја, со 73% од населението што живее во една од 17-те градски области и 55% од населението во еден од четирите најголеми градови - Окленд, Велингтон, Кристчрч и Хамилтон. Градовите во Нов Зеланд се високо рангирани по квалитетот на живот. Окланд е рангиран на третото место во светот по висината на животниот стандард.

Нов Зеланд е една од земјите со висок процент на имиграција. Државата прима близу 50.000 постојани жители секоја година.

Интересни факти

  • Нов Зеланд е првата земја во светот што им даде на жените право на глас.
  • Жителите на Гисборн се првите што го гледаат изгрејсонцето на планетата.
  • Нов Зеланд има повеќе овци отколку што има жители.
  • Еден топоним на Нов Зеланд има најдолго име во светот, со пократка верзија од 85 букви: Taumatawhakatangihangakoauauotamateapokaiwhenuakitanatahu.
  • Нема змии во Нов Зеланд.
  • Познатите филмски трилогии „Господарот на прстените“ и „Хобитот“ се снимени овде.

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот