FutureOption.net

Канада

Канада

Канада,  федерација од 10 провинции и 3 територии, е втора по големина земја во светот. Нејзиниот главен град Отава се наоѓа во провинцијата Онтарио. Најголемите градови во Канада се Торонто, Монтреал, Ванкувер и Калгари. Канада е двојазична земја - официјални јазици се англискиoт и францускиот.

Историја

Првите жители на Северна Америка емигрирале од Сибир пред повеќе од 15 000 години. Домородните народи на Канада денес се Првите народи и Инуитите, а подоцна, со мешање на домородните народи и Европејците во 17 век, настанале Метисите.

Европската колонијализација на Канада ја имаат започнато нордијците пред околу 1.000 години, населувајќи го Њуфаунленд. Џон Кабот е првиот морепловец кој што го истражувал и мапирал јужниот брег во 1497 година, и во исто време положил британски претензии на оваа територија. Во текот на 16 век, француските експедиции ги истражувале а потоа и ги населиле обалите на Канада. По седумгодишната војна, во 1763 година Франција предаде голем дел од своите територии во Канада на Велика Британија.

Британската империја ја има прогласено Канада за независна држава во 1931 година, а со законот за Канада во 1982 година, ја намали зависноста на Канада од британскиот парламент.

Население и демографија

Канада има над 37 милиони жители, рангирајќи ја на 38-то место во светот. Над 80% од населението живее во урбаните средини и големите градови, претежно близу јужната граница на земјата. Поради големите ненаселени места, густината на населението во Канада е 3,92 жители на квадратен километар, што ја прави една од најретко населените земји во светот.

Поради добрата економска политика, Канада има една од највисоките стапки на имиграција во светот. Во наредниот период, канадската влада планира да прими помеѓу 280.000 и 305,000 нови имигранти годишно.

Интересни факти

  • Името Канада е настанато поради јазичното недоразбирање помеѓу францускиот истражувач Жак Картиер и локалните староседелци.
  • Над два милиони ирваси живеат во Канада.
  • Канада има најдолго крајбрежје во светот.
  • Нејзината граница со САД е најдолгата граница помеѓу две држави во светот.
  • Канада го држи рекордот за најмногу златни медали освоени на Зимските олимписки игри.
  • Постојат многу убави цркви во Монтреал, па затоа го нарекуваат Град на светците.
  • Онтарио има најмал затвор во светот, кој има само 24 м².
  • Во Квебек се наоѓа хотел од мраз, кој откако ќе се стопи во текот на летото, секоја зима повторно се гради со 400 тони мраз и 12.000 тони снег.
  • Во Канада е родена жолтата мечка Вини Пу, жител на лондонската зоолошка градина, која го инспирираше А. Милн да ја напише истоимената книга за деца.

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот