FutureOption.net

Партнер и фамилијарна виза за Канада

Family Sponsorship е иселенички програм на Канада наменет за спојување со семејството.

Во овој случај, спонзорот е член на семејство (партнер или родител) кој е постојан жител на Канада, а визите се наменети за неговиот брачен и вонбрачен партнер/ка и нивните деца, кои немаат статус на постојан жител.

Владата на Квебек има свои посебни правила за семејните визи и, под ист стрим, ги дозволува сите горе наведени спонзорства, како и спонзорство на брат, сестра и други блиски роднини.

Услови за спонзорирање на семејни визи

  • Да имате над 18 години и да сте постојан жител на Канада
  • Да сте вработени, да не примате социјална помош и да имате доволно финансиски средства за основните животни потреби за секој член од вашето семејство.
  • Да имате важечки документи со кои можете да ја потврдите семејната врска (извод од матичната книга на родените, венчаница или некои други докази и документи).
  • Да вашиот партнер има над 18 години, односно вашето дете да има помалку од 22 години и да нема засновано брачна или вонбрачна заедница.
  • Да не сте кривично гонети или осудувани.
  • Членовите на вашето семејство да исполнуваат други барања кои се однесуваат на биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Aдресa

Македонска 30, Еуроцентар 1.кат,
Белград 11000, Србија

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот