Соединетите Американски Држави се трета земја во светот по вкупната површина на земајата и населението. САД се наоѓа во централниот дел на Северна Америка и представува федерација од педесет држави и еден федерален округ. Вашингтон е главен, додека Њујорк е најголем град.
Соединетите Американски Држави денес доминираат во светската економија, политиката и културата, а како една од најетнички различните земји во светот, немаат официјален јазик, иако англискиот и шпанскиот јазик се користат најмногу.
Територијата на САД била населена од домородните народи (Индијанци, Хавајци и Ескими) илјадници години пред доаѓањето на Европејците. Првата населба на европејците била подигната од шпанците, во Флорида, во средината на 16 век. Покрај шпанците, свои колонии во Америка имале и британците, французите и холанѓаните.
Конфликтите помеѓу француските и британските интереси довеле до низа војни, од кои најзначајна била Француската и Индијанската војна (1756-1763), завршувајќи со победата на Велика Британија. Британската колонијална политика предизвикала политички немири кои кулминираа со т.н. Американска револуција (1775-1783), кога 13 колонии се изборија за нивна независност.
Потоа, првото свикување на Сенатот и Домот на пратениците, како и првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, стапија на должност во 1789 година.
Америка има над 320 милиони жители. Ова е прва земја во светот по бројот на мигранти.
Густината на населението е 30 жители на квадратен километар, а најгусто населен е североисточниот регион на земјата, иако Калифорнија, која се наоѓа на западниот брег, е најнаселена држава во Соединетите Американски Држави. Најголем процент од населението, дури 80% живее во урбаните средини. Петте најголеми градови се Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Хјустон и Феникс.
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Америка?
Пополни го прашалникот