FutureOption.net

Temporary Graduate виза за Австралија

По завршените студии во Австралија имате можност да аплицирате за Temporary Graduate виза (Post-Study Work) која ви овозможува привремено да останете и да работите во Австралија. Постојат два вида од оваа виза: Graduate Work Stream и Post-Study Work Stream.

Услови за Temporary Graduate виза

Условите кои е потребно да се исполнат се:

  • Да имате помалку од 50 години
  • Неодамна да сте дипломирале на австралиска образовна установа која е регистрирана на CRICOS
  • Да имате соодветна виза
  • Во претходните шест месеци да сте завршиле студиска програма во Австралија која траела најмалку 92 недели
  • Да ги исполнувате поединечните услови за соодветниот вид
  • Квалификациите кои ги имате стекнато да се поклопуваат со некои од професиите кои се наоѓаат на списокот на дефицитарни професии (доколку аплицирате за Graduate Work Stream).
  • Да имате стекнато диплома за високо образование во Австралија (Доколку аплицирате за Post-Study Work Stream)
  • Да исполнувате други услови кои се однесуваат на бараното знаење на англискиот јазик, здравјето, карактерот и осигурувањето

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Aдресa

Македонска 30, Еуроцентар 1.кат,
Белград 11000, Србија

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот