Велика Британија е островска држава во Западна Европа. Кралството се состои од четири држави: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Главен и најголем град е Лондон, а други големи градови се Манчестер, Бирмингем, Лидс, Глазгов, Единбург...
Во областа на денешното кралство живееле разни народи од Келтите, Римјаните, Викинзите до англосаксонските племиња. Во 9-от век, народите на северот го основале Кралството Шкотска, а потоа во 10-от век е основано Кралството Англија, кое по векови превирања, војни и освојувања биле обединети во 17-от век, а на почетокот на 19 век било основано Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Од 16 век, Велика Британија ја проширила својата империја на далечниот исток, американскиот континент, Африка и била најголема поморска и територијална сила до 19-от век, кога го достигнала својот врв и нејзината контрола над колониите започнала да ослабува, која продолжила и во 20-от век со светските војни и колониите кои се бореле за независност.
Велика Британија има една од водечките улоги во светската историја, таа е една од најзаслужните земји за развој на демократијата, науката и литературата, па дури и денес претставува значајна политичка и економска сила.
Велика Британија има 68 милиони жители, што ја прави 21-та најбројна земја во светот и трета по големина во Европа. Во однос на географската големина, таа е 80-та земја во светот со 244.820 квадратни километри, од кои Англија зазема 53% од површината.
Густината на населението е 259 луѓе на квадратен километар, а најгусто населена е Англија, каде живее третина од вкупното население. Доминантно население е белото население, потомци на првите доселеници.
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за В.Британија?
Пополни го прашалникот