FutureOption.net

За Нас

Агенција Future Option

Future Option e лиценцирана агенција која 13 години посредува при упис на студии во странство, подготвувањето и поднесувањето на апликации за визи и застапувањето на апликациите во амбасада, вклучувајќи ги студентските , туристичките, партнер и останатите визи.

Нашиот императив е преку индивидуалниот пристап, да пристапиме кон секој клиент и да му обезбедиме квалитетна услуга која опфаќа советување, помош при изборот и запишувањето на соодветната студиска програма, професионална подготовка на апликацијата за виза за студирање, посета и миграција во Австралија, Канада, Европа, Америка и Нов Зеланд.

Постојано работиме на унапредувањето на услугата и со професионален пристап кон потребите на нашите клиенти развиваме и градиме доверба, искрен и професионален однос.

Елена Симиќ - CEO at Future Option

Советник за визи и студирање во странство, со големо искуство во запишувањето на студенти на студии во Америка, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и Европа. Низ долгогодишната работа успешно запишавме голем број студенти од Србија но и од сите делови на регионот (Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора) на студии во странство.

Преку индивидуален пристап, на нашите студенти им овозможуваме квалитетна услуга во секој чекор од постапката, од детална проценка на профилот и советување, до избор на образовна институција и програма, подготовка на апликацијата и аплицирање за студентска виза.

Советување можете да закажете секој работен ден во нашата канцеларија во Македонска 30 во Белград или онлајн преку WhatsApp/Viber, а пред тоа треба да го пополните нашиот прашалник за проценка на профилот.

Настани

Во изминатите години со соработка и поддршка на колеџите и универзиетите, организиравме голем број на настани вклучувајќи семинари и саеми на образование во Белград, Загреб, Ниш, Нови Сад, Скопје, Сараево и Бања Лука, на кои присуствуваа преку 10,000 посетители.

Соработуваме со преку 300 универзитети и колеџи кои нудат различни нивоа на студии и студиски програми и до сега успешно имаме водено процедури за визи и запишано студенти на студии во иностранство од сите делови на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Ц. Гора.

Студирање

Студирајте во Австралија на австралиските универзитети, колеџи и школи. Пронајдете соодветен курс по англиски јазик, VET програма, додипломски, мастер или докторски студии и станете меѓународен студент во Австралија.

Tуристичка виза

Патувајте туристички во Австралија,Канада,Америка,Нов Зеланд, посетете ги пријателите и роднините, истражете ја австралиската дива природа, плажите, културните и историските атракции.

Aдресa

Македонска 30, Еуроцентар 1.кат,
Белград 11000, Србија

Е-пошта

info@futureoption.net

Советување и подготовка на апликацијите за виза