FutureOption.net

Патување во Канада

Патување во Канада

Канада е убава земја со фантастична природа. Десет проценти од сите шуми на планетата се во оваа земја, како и најголемиот број езера во светот. Канада има огромни национални паркови, чист воздух и чиста вода.

Кога да патувате

Над огромното канадско тло владеат неколку типови на клима: од острите зимски на северот до топлите медитерански на југот. Во зависност од тоа што сакате да посетите секое годишно време е добро за патување во Канада.

Доколку сакате да ја видите Аурора Бореалис во Нунавут, на северот на Канада, најдобро е вашето патување да го испланирате помеѓу октомври и февруари, кога деновите се најкратки. За уживање во природата, активности на отворено, авантури и градски турнеи, најдобро е да патувате во текот на летото.

Места кои треба да ги посетите

Нијагарини водопади

Водопадите на Нијагара се најголемите, најубавите и најпознатите водопади во светот. Тие се наоѓаат на крајниот југ на провинцијата Онтарио и претставуваат државната граница помеѓу САД и Канада. Најубавиот поглед е од канадска страна. Водопадите се високи до 60 метри и може да се види виножито во текот на сончевите денови.

Квебек Сити

Квебек Сити е втората најстара европска населба во Канада. Стариот дел е единствениот утврден град во Северна Америка и се наоѓа на списокот на светското наследство. Горниот и долниот град се поврзани со стрмни скали и жичарница. Градот е познат и по зимскиот карневал на Квебек, на кој се изложуваат скулптури од мраз.

Карпести Планини

Прекрасната природа на Карпестите Планини и авантуристичките дестинации ги остава без здив милиони туристи кои ги посетуваат секоја година. Планините се протегаат од Британска Колумбија до Ново Мексико на околу 4.800 км. Најдобро е да ги посетите преку организирана дводневна турнеја со воз во текот на летото.

Островите на кралицата Шарлот

Овој канадски Галапагос има уникатна флора и фауна. Смреките и кедарските дрвја се едни од најголемите во светот, а морето е полно со морски лавови и орци.

Банф

Банф е најстариот национален парк во Канада. Феноменалните пејсажи, високите планини, глечерите, високите морински езера и брзите реки го прават ова место едно од најубавите во светот.

Туристичка (Visitor) виза за Канада

Туристичкта виза наменета е за оние кои сакаат да ја посетат Канада рекреативно, семејно или деловно на период до 6 месеци.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот