Германија е една од најпопуларните дестинации за студирање во Европа поради својот супериорен образовен систем, поволните и разновидните студиски програми и квалификации кои отвораат многу врати низ целиот свет. Во Германија има околу 400 високообразовни институции кои нудат околу 20.000 студиски програми на германски и англиски јазик. Квалитетот и популарноста на студиите во Германија најдобро го докажува бројот на меѓународни студенти кои годишно ја избираат оваа дестинација, што е околу 390.000 студенти.
Академската година во Германија започнува во септември и е поделена на два семестри. Септемврискиот почетен рок е најпопуларен, но постои и почетен рок во март, а на некои институции и во јули.
Германија е традиционално позната по својот врвен образовен систем, одлично рангираните институции и студиските програми кои на студентите им овозможуваат теоретско, како и практично знаење. Германија нуди разновидни студиски програми од сите области, бројни специјализации и интердисциплинарни програми кои овозможуваат стекнување на пошироко знаење, како и тесно специјализирани вештини.
Студентите од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија имаат право да работат 20 часа неделно за време на нивните студии. Студентите од трети земји можат да работат или 120 дена во годината полно работно време или 240 дена скратено работно време. По завршувањето на студиите, студентите можат да ја продолжат дозволата за престој до 18 месеци со цел да најдат работа и да останат во Германија.
Германија е поволна студентска дестинација, државните институции имаат ниски школарини, а покрај тоа, животните трошоци во Германија се меѓу просечните во Европа. Студентите кои ја бираат Германија имаат можност да добијат некоја од бројните стипендии, како државни така и приватни, или оние што ги нудат образовни институции како би им се олеснило студирањето на меѓународните студенти.
Германија се истакнува по својата извонредност во однос на истражувањето и иновациите и по огромните средства кои се вложуваат во овој сектор. Постојат над 1.000 институции за наука, истражување и развој, финансирани од страна на државата, а над 100 милијарди евра годишно се инвестираат во овој сектор. Германските универзитети и истражувачките центри се високо се рангираат, познати се по врвните услови за истражување, искусните истражувачи, широкиот спектар на теми итн. Истражувањата во Германија се карактеризираат со интердисциплинарен и меѓународен карактер, како и соработка на бројни институции, како академски така и приватни.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
⭐⭐⭐⭐⭐ (5)Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?
Пополни го прашалникот