FutureOption.net

Студентска виза за Германија

Студентска виза за Германија не е потребна за студенти кои доаѓаат од земји-членки на ЕУ, Европската економска зона и Швајцарија, но е потребна за студенти од трети земји кои сакаат да студираат повеќе од 3 месеци. По пристигнувањето во Германија, студентите од трети земји треба да аплицираат и за дозвола за престој.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишани на студии на образовна институција во Германија
  • Да имате соодветен степен на образование за студиите кои ги запишувате
  • Да имате доволно ниво на познавање на јазикот на кој што ќе се изведува наставата
  • Да сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и престој во Германија. Студентите кои сами прикажуваат финансиски средства, потребно е да е отворат блокирана сметка во Германија на која се уплаќаат потребните средства за гаранцијата и која може да се користи секој месец во ограничен обем во Германија
  • Да докажете дека вашиот мотив е привремен престој во Германија
  • Да имате соодветно здравствено осигурување

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Aдресa

Македонска 30, Еуроцентар 1.кат,
Белград 11000, Србија

Потребна ви е помош за запишување на студии и аплицирање за студентска виза?

Пополни го прашалникот