FutureOption.net

Австралија

Австралија

Австралија е најмалиот континент и една од најголемите земји во светот. Главен град е Канбера, кој се наоѓа на австралиската престолничка територија. Најголеми градови во Австралија се Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Перт и Аделаида.

Историја

Абориџините ја поседуваат најстарата култура во земјата и се верува дека пристигнале во Австралија со брод, пред 50.000 години.

Во периодот на доаѓањето на Европјаните во Австралија на целиот континент живееле околу еден милион Абориџини, кои биле ловци и собирачи. Биле поделени на 500 различни „кланови“ и говореле околу 700 јазика. Секој клан имал духовна поврзаност со својата земја, но патувале низ континентот поради размена и пронаоѓање на вода и сезонско овошје и зеленчук, како и поради ритуални собирања.

Првиот познат Европјанин кој стигнал до Австралија бил Холанѓанецот Вилен Јансон, во 17.век.

Во 1770 година, капетанот Џејмс Кук, британски истражувач, испловил во заливот Ботани на истокот на Австралија и го прогласил Нов Јужен Велс за британска територија. Првата флота, која ја предводел капетанот Артур Филип пристигнала во сиднејскиот залив со цел да ја воспостави првата населба во Австралија. Таа била казнена колонија и на тој начин бил основан Сиднеј. Датумот на неговото доаѓање, 26.јануари, се слави како ден на Австралија.

Население и демографија

Австралија има над 24 милиони жители, што ја сместува на 52. место во светот. По големина е 6. во светот, со 7.686.850 квадратни километри. Повеќе од 85 % од Австралијанците живеат во урбаните области, а околу 70 % од нив живеат во главните градови, што ја прави една од најурбанизираните земји на светот. Австралија се наоѓа на деветто место по бројот на имигранти, кои претставуваат 26 % од населението.

Просечната густина на населението на Австралија е 3.2 лица на километар квадратен, ако се земе предвид целата копнена територија. Ова ја прави една од најретко населените земји, што вообичаено се припишува на пустинската географија на голем дел од внатрешноста на земјата.

Интересни факти

  • Австралија е широка колку растојанието помеѓу Москва и Лондон.
  • Повеќе од 85% од Австралијанците живеат во области кои се до 50 km оддалечени од крајбрежјето
  • Австралија е втората земја во светот која им дозволила на жените да гласаат (Нов Зеланд е првата)
  • Првата полиција во Австралија била составена од осуденици кои имале добро поведение
  • Тасманија има најчист воздух на планетата
  • Австралија се наоѓа на второ место според индексот на човековиот развој (засновано врз очекуваниот животен век, приходите и образованието)
  • Канбера е основана во 1908 година како компромис помеѓу Сиднеј и Мелбурн, бидејќи не можеле да се договорат кој град да биде главен град

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот