Курсот по англиски јазик е наменет за оние кои планираат да студираат, живеат или работат во САД, а кои не се сигурни во своито познавање на англискиот јазик. Курсот е исто така одлична опција за оние кои немаат доволен број поени за упис на колеџ или универзитет на некој од меѓународните тестови (IELTS, TOEFL и сл.).
Америка е популарна дестинација за меѓународните студенти кога станува збор за курсевите по англиски јазик. Голем број на американски образовни институции - колеџи, универзитети, независни приватни училишта, но и библиотеки - нудат курсеви по англиски јазик.
Во зависност од вашите потреби и интереси, постојат различни видови на курсеви. Најпопуларните програми за англиски како втор јазик (English as a Second Language – ESL) се:
Покрај овие два типа, има и курсеви што се фокусираат само на подготовка за полагање на меѓународните тестови (TOEFL, IELTS, PTE итн).
Цените зависат од видот, нивото, должината на курсот, како и од институцијата и се движат од 170УСД неделно.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Америка?
Пополни го прашалникот