Европа како колевка на образованието и еден од глобалните истражувачки центри е популарна дестинација за студентите кои сакаат да студираат докторски студии. Бројни европски земји нудат одлични услови за спроведување на современи истражувања и претставуваат традиционални дестинации за истражувачи и научни работници.
Докторските студии се трет циклус на високо образование според Болоњскиот систем и траат минимум 3 години, додека некои можат да траат и 6 години. Овој степен на студии носи и ЕКТС поени и во зависност од времетраењето на студиите, вредат минимум 180 ЕКТС.
Докторските студии се претежно наменети за кандидати кои сакаат да се занимаваат со академска и научна работа, така што нивниот најголем фокус е истражувачка и пронаоѓачка работа и пишување на докторска дисертација под надзор на ментор.
Школарините за докторските студии најмногу зависат од тоа дали се запишуваат на приватна или државна образовна институција, од дестинацијата, како и од областа на студирање. На многу државни институции, школарините се поволни и се движат од неколку стотина евра годишно, додека приватните институции се поскапи и школарините се движат до 15.000 ЕУР за домашни и студенти од ЕУ и околу 20.000 ЕУР за странски студенти.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Агенцијата Future Option е една од најдобрите агенции во посредувањето за добивање на австралиска виза. Добивате целосна поддршка од агентот Елена Симиќ и целата нејзина екипа. Професионални се во својата работа и во секое време ви стојат на располагање.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?
Пополни го прашалникот