Стручните програми, во Австралија попознати како Vocational Studies или скратено VET програми, се креирани така што развиваат практични и професионални вештини кои на студентите им го олеснуваат наоѓањето на работата и напредокот во кариерата.
Според степенот на образование, стручните програми следат по средното образование, а пред додипломските студии, така што најмногу би одговарале на вишите школи кои постојат во нашите региони.
Нивоа на стручни програми:
Школарините за стручните програми се движат од 6,000AUD до 17,000AUD на годишно ниво. Приватните колеџи даваат пофлексибилен план за плаќање, па плаќањето може да биде квартално или дури и месечно.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Агенцијата Future Option е една од најдобрите агенции во посредувањето за добивање на австралиска виза. Добивате целосна поддршка од агентот Елена Симиќ и целата нејзина екипа. Професионални се во својата работа и во секое време ви стојат на располагање.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот