Годишните времиња во Австралија се разликуваат од оние на северната хемисфера. Летото трае од почетокот на декември до крајот на февруари, а зимата од почетокот на јуни до крајот на август. Сепак, времето кое ќе го затекнете зависи и од областа која ја посетувате.
Северна Австралија е позната по многу високите температури во јануари и февруари, па доколку сакате нешто попријатна клима, во тој период посетете ги Тасманија, Перт или Мелбурн. Во март започнува сезоната на гледање китови од крајбрежјето на Викторија. Исто така, локации кои е добро да се посетат во март се и Аделаида, Островот на кенгурите и Долината Бароса.
Во текот на април и мај источното крајбрежје е вообичаено суво и сончево. Времето во Сиднеј е преубаво во текот на јуни и јули. Овие два месеца нудат добро време и за посета на Улуру и Дарвин, а најдобар период за посета на Западна Австралија се август и септември, додека пак ноември е најдобар период за посета на Јужна Австралија.
Улуру се наоѓа во „срцето“ на Австралија, а ѝ припаѓа на северната територија. Тој претставува еден од најпознатите и најголемите национални паркови во оваа земја. Тоа, всушност, е брдо кое настанало под дејство на тектонските движења пред 500 милиони години.
Great Ocean road е автопат покрај крајбрежјето на Пацификот во државата Викторија, кој е долг 243 km и ги поврзува двата града Торки и Алансфорд. Изграден е во чест на војниците кои учествувале во Првата светска војна и претставува најголем воен споменик во светот.
Сиднејската опера се наоѓа на пристаништето во Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс. Според УНЕСКО, Сиднејската опера е извонредно архитектонско дело, кое ја покажува човечката иновација и креативност.
Најголемата причина за посета на државата Квинсленд е посетата на Големиот корален гребен. Гребенот се простира на над 2.000 km долж крајбрежјето на Квинсленд и може да се види од вселената.
Островот на кенгурите е трет по големина остров во Австралија, се наоѓа на 16 km од крајбрежјето на Јужна Австралија и често е опишуван како „Зоолошка градина без ѕидови“.
Туристичката виза е наменета за оние кои сакаат да ја посетат Австралија рекреативно, семејно или работно на период до 3, 6 или 12 месеци.
Повеќе деталиПотребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот