По степенот на образование овие програми доаѓаат по основните студии. Од мастер студиите се разликуваат по тоа што траат пократко и што се професионално и практично ориентирани. Овие програми се нудат на колеџите и универзитетите.
На ова ниво на студии најчесто се во понуда студии од областа на психологијата, бизнисот, сметководството, финансиите, здравството, јавната политика, биотехнологијата, визуелните уметности, меѓународните студии и слично. Тие се наменети за оние кои сакаат да ги продлабочат своите знаења стекнати на основните студии или да се специјализираат во поврзана студиска дисциплина за да ги унапредат своите кариери.
Програмите обично траат една година, а одредени институции им овозможуваат на студентите да се запишат истовремено на Graduate Certificate и мастер или докторски студии.
Школарината за овие типови на програми зависи од самата студиска програма, времетраењето и институцијаа, а се движат од 10,000УСД на годишно ниво и се плаќаат семестрално.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Агенцијата Future Option е една од најдобрите агенции во посредувањето за добивање на австралиска виза. Добивате целосна поддршка од агентот Елена Симиќ и целата нејзина екипа. Професионални се во својата работа и во секое време ви стојат на располагање.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Америка?
Пополни го прашалникот