Студирање во Канада

Студирање во Канада

Канада е една од најпосакуваните светски дестинации за студирање. Канадските колеџи и универзитети нудат над 8000 стручни и над 15,000 програми за високо образование. Во Канада студираат околу половина милион меѓународни студенти од целиот свет.

Учебната година во Канада трае од септември до крајот на јуни, а за некои студиски програми постојат почетоци и во јануари.

Висок квалитет на образование

Четири канадски универзитети се рангирани меѓу првите 100 универзитети во светот. Канадските универзитети ги подготвуваат студентите да размислуваат критички, да се прилагодат на новите технологии и да станат лидери во својата професија. На тестовите ПИСА, канадските студенти покажуваат одлични резултати во писменоста, математиката и науката. Со ригорозните контроли квалитетното образование е загарантирано, а стекнатите квалификации се глобално признати ширум светот.

Школарина и стипендии

Преку пристапот до врвното образование, возбудливите меѓукултурни искуства и глобално признатите квалификации, студирањето во Канада е инвестиција за вашата иднина. Канада нуди релативно ниски школарини за меѓународните студенти во споредба со Велика Британија, САД и Австралија. Под одредени услови, може да се квалификувате некоја од многуте стипендии што ги нуди владата и универзитетите во Канада.

Можности за работа

Меѓународните студенти со студентската виза имаат можност да работат за време на студирањето во Канада, до 20 часа неделно, што може значајно да ги олесни трошоците за живот. По завршетокот на студиите, дипломираните студенти од канадските универзитети имаат големи шанси да најдат работа, како во Канада, така и насекаде во светот. Со Post-Graduation Work визата по вашите студии, можете да живеете и да работите во Канада до три години. Работното искуство што го стекнувате во Канада може да ви помогне трајно да се населите во оваа земја на големи можности.

Можност за истражување

Истражувањето е една од клучните компоненти на високото образование во Канада. Владата и индустријата го поддржуваат истражувањето и издвојуваат значајни средства за истражувачки програми и проекти, што ја става Канада на самиот врв по финансирање на истражувања, особено за проекти од областа на телекомуникациите, медицината, земјоделството, информатичката технологија и животната средина. Канадските истражувачи се заслужни за многу откритија и технолошки иновации, како што се BlackBerry, smart табли, IMAX филм и слично.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Студентска виза за Канада

Студентската виза ви овозможува да запишете студии и да студирате во Канада. Со оваа виза имате право да работите пола работно време, додека наставата е во тек.

Повеќе детали

Post-Graduation Work виза за Канада

Post-Graduation Work визата нуди шанса на неодамна дипломираните студенти да стекнат значајно работно искуство во Канада по завршување на студиите.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот за виза