Work & Study во Канада

Work & Study во Канада


Во последните неколку години, Work and Study програмите се една од најпопуларните опции за студирање и заминување во Канада.

Овие програми им овозможуваат на студентите да стекнат сеопфатно знаење во комбинација со теорија и пракса и да се поврзат со канадски работодавци. Програмите Work and Study Canada на студентите им пружаат шанса да стекнат непроценливо академско и работно искуство, но и да се запознаат со канадската култура и начин на живот.

Work and Study Canada програм

Work and Study програмите (Co-Op програми) во Канада, се студии насочени кон стекнување на практични вештини и учење преку пракса. Програмата се состои од два дела, теоретски и практичен дел, и е дизајнирана така што студентите прво посетуваат теоретска настава, обично во период од 6 или 12 месеци, а потоа работат во канадски компании во истото времетраење, за да стекнат практично искуство во областа на студирање.

Work and Study се програми на ниво на стручни студии, кои според нивото на образование доаѓаат по средното училиште, а пред основните академски студии. Студиските програми најчесто се нудат во областа на бизнисот, менаџментот, маркетингот, угостителството, туризмот, дизајнот итн. Почетокот на програмата е флексибилен и се нуди неколку пати во текот на годината. Некои образовни институции за одредени Work and Study програми нудат почеток на месечно ниво.

Школарините се движат од 7,000CAD и се плаќаат на рати. Износот на школарината зависи првенствено од должината на програмата, како и од образовната институција.

За време на теоретскиот дел, студентите можат да работат 20 часа неделно, а за време на практичниот дел можат да работат неограничено, што е одлична можност не само да стекнат работно искуство во Канада и да остварат контакти во индустријата, туку и да ги покријат трошоците за живот за време на нивниот престој во Канада.

Услови и процедура за упис

За да може студентот да се запише на студии во Канада, потребно е да исполни одредени услови и успешно да ја помине целата процедура за упис.

Услови за упис

За упис на програмата, студентите мора да исполнуваат два услови:

  • Академски услов – За студентот да се пријави на програмата, потребно е да има барем завршено средно училиште. Студентите кои имаат завршено основни студии или некој друг вид на академски студии, исто така, можат да аплицираат за програмата.
  • Познавање на англиски јазик - За упис, студентите мора да имаат положено некој од меѓународно признатите тестови за англиски јазик. Најпопуларните тестови кај нашите студенти се IELTS или TOEFL. Образовните институции обично бараат просечна оценка 5,0 на IELTS тестот или околу 64 поени на TOEFL тестот. Во моментов, поради пандемијата, училиштата исто така го прифаќаат Duolingo тестот, а некои од нив дури нудат и свои интерни (placement) тестови за англиски јазик.

Процедура за упис

Процесот на упис на Work and Study програма во Канада се состои од 3 чекори:

  1. Советување и планирање - Првиот чекор е да се испланира процесот, да се направи временски и финансиски план и да се утврди кога студентот сака да започне студии, каде сака да студира, а потоа да ја најде соодветната институција и програма.
  2. Упис - По утврдениот план, потребно е да се подготви апликација за упис и да се проследи заедно со пропратната документација до избраната образовна институција. Доколку уписот е успешен, образовната институција издава понуда (Letter of Offer). За да може студентот официјално да се запише на студии, потребно е да ја прифати понудата и да се плати првиот дел од школарината, по што образовната институција издава потврда за упис (Letter of Acceptance), документ кој што е неопходен за аплицирање за виза.
  3. Подготвување на апликацијата и аплицирање за виза - Последниот дел од постапката е подготовка на апликацијата и аплицирање за студентска виза. Студентот треба сериозно да се посвети на подготовката на апликацијата за виза и внимателно и детално да ги подготви потребните документи, а за ова е потребно добро да се запознае со условите за виза. Апликацијата за виза се поднесува онлајн преку официјалната веб-страница на Службата за имиграција на Канада, а по поднесувањето на апликацијата, студентот мора лично да оди во најблискиот VAC центар (Visa Application Centre) за да достави биометриски податоци. Ако резултатот од апликацијата е позитивен, пасошот се испраќа до надлежната амбасада на скрининг и добивање налепница во пасошот.

Предности на Work and Study програмата

Преку оваа програма, студентите ќе имаат можност да стекнат голем број придобивки и знаење, што може да им помогне во иднина.

  • Можност за стекнување практични вештини и употребливо знаење
  • Работејќи во текот на теоретскиот и практичниот дел, можат да ги покријат трошоците за студирање и живеење во Канада
  • Стекнување нови пријатели и поврзување со канадски компании
  • Одлична опција да го искусите животот во Канада и да стекнете нови знаења во професијата
  • Непроценливо животно искуство
  • По завршувањето на програмата, можете да ја продолжите или промените визата од Канада

Упис на студии преку агенцијата Future Option

Агенцијата за студирање во странство Future Option, им помага на студентите да се запишат на студии на над 200 универзитети и училишта во странство со кои соработува.

Нашата агенција е тесно специјализирана за упис на студии во земјите од англиско говорно подрачје и поседуваме знаење и искуство за водење на комплетната процедура.

Нашата задача е преку индивидуален пристап кон секој клиент, да обезбедиме квалитетна услуга, која вклучува советување, помош при избор и упис на соодветната студиска програма, професионална подготовка на апликацијата за студентска виза и поддршка за време и по студиите.

Имаме долгогодишно искуство во подготвување апликации за студентски визи, па преку нашето стручно водење на процесот и врз основа на наши стручни совети им помагаме на студентите да имаат добро подготвена апликација за виза, што е клучно за успешно добивање на студентска виза.

Партнерските универзитети и колеџи со кои соработуваме нудат различни нивоа на студии и студиски програми и досега успешно имаме водено процедури и запишавме голем број студенти од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Што нудиме на нашите студенти

  • Детална проценка и анализа на ситуацијата на секој студент
  • Професионално советување засновано врз официјални информации на имиграциската служба
  • Транспарентност во работата во секоја фаза од апликацијата, одговорен, искрен и реален пристап кон секој студент
  • Академска и кариерна ориентација
  • Стручна помош при избор на студиска програма и образовна институција
  • Упис на сите видови на студии во странство, од курсеви за јазик, до стручни и Work and Study програми, додипломски и постдипломски студии