Партнер визата за Австралија е наменета за оние кои се во брак или вонбрачна заедница со државјанин или постојан жител на Австралија или со подобен државјанин на Нов Зеланд, кои планираат да им се придружат на своите партнери и да живеат во Австралија. Партнерот во овој процес има улога на спонзор и тој го спонзорира апликантот да му се придружи во Австралија.
Овие визи имаат иселенички карактер и процесот за нивно добивање се одвива во две фази. Прво се аплицира за привремена “provisional” виза и обично две години по аплицирањето, имиграциската служба на Австралија автоматски ве размотрува и ви испраќа барање да аплицирате за трајна “permanent” виза.
Offshore и Onshore партнер визите се разликуваат по тоа од каде аплицирате за виза, па така ако се наоѓате надвор од Австралија прво аплицирате за привремена виза подкласа 309, а ако веќе сте влегле во Австралија преку друг тип на виза и немате “No Further Stay” услов на вашата моментална виза, аплицирате за Onshore партнер виза, подкласа 820. Подоцна, врз основа на тоа за која подкласа имате претходно аплицирано, аплицирате за соодветна трајна виза, подкласа 100 или 801. Со добивање на трајна виза, стекнувате статус на постоен жител во Австралија (Permanent Resident - PR) и понатаму можете да се квалификувате за австралиско државјанство.
Во некои случаи, на пример, ако имате деца со вашиот партнер или сте подолго во брак, може да ви се издаде и привремена и трајна партнер виза во исто време.
Пред се потребно е да ги подготвите документите потребни за оваа виза, а потоа да ја поднесете апликацијата за партнер виза. Апликацијата за виза се поднесува електронски, преку официјалната веб-страница на имиграциската служба на Австралија.
Апликацијата за партнер виза е обемна и бара подготовка на голем број документи, па затоа е важно да бидете добро информирани кои документи треба да ги подготвите пред да започнете со постапката. Онлајн апликацијата за виза е исто така обемна и потребно е да одговорите на голем број прашања. Правилното одговарање на прашања е клучно за успешно добивање виза.
Привремената партнер виза ви овозможува да останете во Австралија, додека не се донесе конечна одлука за виза за постојан престој. За тоа време можете да работите, студирате, патувате од и кон Австралија неограничен број пати. Покрај тоа имате право на здравствено осигурување (Medicare) и до 510 бесплатни часови по англиски јазик, обезбедени од страна на Adult Migrant English Program.
Визата за постојан престој, покрај сите предности од привремената виза, ви овозможува и постојан престој во Австралија. Со тоа добивате можност да спонзорирате членови на семејството, роднини за различни визи и доколку ги исполните сите услови понатаму можете да се квалификувате за австралиско државјанство.
Таксата за обработка на апликацијата за виза чини од 9.095AUD доколку аплицирате за Onshore или Offshore партнер виза. Просечното време за обработка на привремената партнер виза е од 15 до 20 месеци (се менува на месечно ниво). За одлуката за одобрување на виза за постојан престој се чека просечно од 12 до 24 месеци.
Имаме долгогодишно искуство и успех во подготвувањето апликации за партнер виза и можеме професионално да го водиме целиот процес на подготовка на вашата апликација. Нашиот квалификуван тим предводен од агентот Елена Симиќ ќе ви пружи максимална поддршка и советување со цел да го подготвите целиот процес што е можно полесно, побрзо и без стрес.
Нашата услуга вклучува целосно водење на процедурата и советување за потребната документација, за подобноста за добивање на партнер виза, проверка на документацијата, пополнување на апликацијата и сите потребни формулари за виза, застапување на апликацијата за писмена кореспонденција со имиграциската служба на Австралија и советување во текот на обработката на вашата апликација .
Нашата работа се заснова на сериозен и индивидуален пристап кон секој клиент, долгогодишно искуство и експертиза, редовно следење на сите официјални информации и промени од страна на имиграциската служба и ефикасно водење на процедурата.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Многу професионални, брзи во подготовка на апликацијата, достапни преку телефон и мејл во секое време и пријатни за работа!
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот