Доколку имате намера привремено да работите во САД со не-иселенички статус ќе ви биде потребна работна виза. Постојат неколку категории на работни визи:
Работна виза ви овозможува да живеете и да работите во САД одреден временски период и да стекнете драгоцено работно искуство во оваа земја. Со вашата работна виза (освен со Q визата), членовите на вашето семејство можат да аплицираат за истата категорија на виза, но во тој случај мора да имате доказ дека сте финансиски способни да се грижите за нив.
Работната виза се издава на период на договорената работа со американскиот работодавач.
За работна виза аплицирате преку Амбасадата на САД во вашата земја. Еден од чекорите во процесот на аплицирање е конзуларното интервју.
Таксата за обработка на апликација за работна виза е 190УСД, а периодот за обработка на апликацијата варира од случај до случај.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?
Пополни го прашалникот