FutureOption.net

Бизнис виза за Австралија

Бизнис виза за Австралија

Ако сакате да започнете бизнис во Австралија морате да знаете како да добиете соодветна виза, но и да ги познавате австралиските закони, како и правата и обврските кои ги имате.

Постои поголем број на бизнис визи кои имаат различни услови и бенефиции кои ги овозможуваат.

Аплицирање за бизнис виза

Постапката зависи од конкретните поткласи за кои сте заинтересирани, но во поголемиот дел од случаите започнува со испраќање на изјава за интерес (expression of interest) преку он-лајн сервисот. Изјавата за интерес би требало да содржи опис на тоа со што се занимавате, како и бизнис план.

Доколку добиете позитивен одговор ќе примите повик за да аплицирате за виза. Со апликацијата ќе морате да приложите дополнителна документација и да исполните одредени услови.

Потребни документи за водење бизнис во Австралија:

  • Сертификат за основање
  • Бизнис план
  • Договор за неоткривање
  • Полиса за осигурување
  • Договорна документација
  • Регистрација на патент или авторски права
  • Оперативен договор
  • Лиценца за работа

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот