Поради високиот животен стандард и благосостојбата Нов Зеланд е ветувана земја за доселениците. Четвртина од жителите на Нов Зеланд се родени во некоја друга земја. Ова е една од земјите со висока стапка на имиграција и секоја година прима околу 50.000 нови постојани жители.
Ако имате потребни квалификации, вештини и работно искуство кое е барано во Нов Зеланд, можете да аплицирате за иселеничка виза во склоп на Skilled Migrant Category. Исто така за постојан престој во Нов Зеланд можете да аплицирате преку одредени работни визи. Преку исполнување на одредени услови, овие визи понатаму можат да ви помогнат да аплицирате за новозеландско државјанство.
Skilled Migrant програмата е заснована на системот на бодување на различни фактори и квалификации како што се години, степен на образование, работно искуство, понуда за работа и сл. Покрај овие услови, потребно е да се исполнат и некои други општи квалификации како што е познавањето на англискиот јазик, добрата здравствена состојба и сл. За да учествувате во оваа миграциона програма морате да остварите најмалку 100 бодови. Сите оние кои имаат 160 или повеќе бодови се поканети да аплицираат за иселеничка виза.
Family Partnership програмата е наменета за оние чиј партнер/ка е постојан жител или државјанин на Нов Зеланд. Во овој случај партнерот/ката кој има трајна виза за престој или државјанство може да го спонзорира другиот партнер да аплицира за трајна виза, како би можеле да живеат заедно во Нов Зеланд. Оваа програма е наменета за спојување на семејството и ги вклучува и децата.
Доколку вашата професија се наоѓа на една од листите на дефицитарни професии во Нов Зеланд, патот до добивање на иселеничка виза може значајно да ви е олеснет. Постои долгорочна и краткорочна листа на дефицитарни професии, но и листа на дефицитарни професии во областа на градежништвото. На Нов Зеланд им се потребни квалификувани и стручни работници, па на оваа основа оваа земја развива миграциона шема за нови доселеници.
Партнер визата за Нов Зеланд му овозможува заминување и живот во Нов Зеланд на брачниот или de facto партнер на новозеландскиот државјанин.
Повеќе деталиИселеничката виза на основа на квалификации им овозможува на квалификуваните работници заминување и работа во Нов Зеланд.
Повеќе деталиПотребна ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?
Пополни го прашалникот