Prospective marriage (вереничка) виза е наменета за оние кои се верени и се во врска со државјанин или постојан жител на Австралија или со подобен државјанин на Нов Зеланд, како би им се придружиле на нивните партнери во Австралија.
Вереничката виза (подкласа 300) е привремена виза, која се издава на период од 9 месеци. Во овој период, потребно е партнерите да стапат во брак, а апликантот да поднесе апликација за onshore партнер виза (подкласа 820).
Оваа виза е добра опција за апликантите кои сакаат подобро да ги запознаат своите австралиски партнери или за партнерите кои моментално се физички разделени и/или поради некоја друга причина не се во можност да се венчаат со своите партнери.
Пред се потребно е да ги подготвите документите потребни за оваа виза, а потоа да ја поднесете апликацијата за вереничка виза. Апликацијата за виза се поднесува електронски, преку официјалната веб-страница на имиграциската служба на Австралија.
Апликацијата за вереничка виза е обемна и бара подготовка на голем број документи, па затоа е важно да бидете добро информирани кои документи треба да ги подготвите пред да започнете со постапката. Онлајн апликацијата за виза е исто така обемна и потребно е да одговорите на голем број прашања. Правилното одговарање на прашања е клучно за успешно добивање на визата.
Вереничката виза ви овозможува да престојувате во Австралија на период од 9 месеци. Во овој период можете да работите и студирате, како и да излегувате и влегувате во Австралија за времетраењето на оваа виза. Вереничката виза не овозможува здравствено осигурување (Medicare).
Таксата за обработка на апликацијата за вереничка виза изнесува 8.085 AUD. Просечното време на изработка на апликацијата изнесува од 15 до 20 месеци (се менува на месечно ниво). Доколку подоцна аплицирате за onshore партнер виза, таксата за обработка на оваа апликацијата изнесува 1,285 AUD.
Имаме долгогодишно искуство и успех во подготвувањето апликации за вереничка виза и можеме професионално да го водиме целиот процес на подготовка на вашата апликација. Нашиот квалификуван тим предводен од агентот Елена Симиќ ќе ви пружи максимална поддршка и советување со цел да го подготвите целиот процес што е можно полесно, побрзо и без стрес.
Нашата услуга вклучува целосно водење на процедурата и советување за потребната документација, за подобноста за добивање на вереничка виза, проверка на документацијата, пополнување на апликацијата и сите потребни формулари за виза, застапување на апликацијата во писмената кореспонденција со имиграциската служба на Австралија и советување во текот на обработката на вашата апликација .
Нашата работа се заснова на сериозен и индивидуален пристап кон секој клиент, долгогодишно искуство и експертиза, редовно следење на сите официјални информации и промени од страна на имиграциската служба и ефикасно водење на процедурата.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот