Канада е имигрантска земја. Две третини од нејзиното население се имигранти.
Втората по големина земја во светот нуди огромни пространства и разновидни можности за новите жители. Според тригодишниот план за имиграција, до 2021 година, Канада има намера да прими над еден милион нови постојани жители.
Иселеничките визи за Канада можат да се добијат на многу начини и преку разни програми за имиграција, но целиот процес треба внимателно и темелно да се испланира и да се исполнат сите потребни услови. Иселеничките визи обезбедуваат постојан престој во Канада и под одредени услови, можност за аплицирање за канадско државјанство.
Express Entry е онлајн систем дизајниран за високо образовани и квалификувани работници и е еден од најбрзите и најпопуларните начини за миграција во Канада. Функционира така што преку исполнување на условите за квалификации (положен тест по англиски или француски тест, степен на образование и работно искуство) вашата апликација се бодира и споредува со бодовите на другите кандидати. Апликантите со најголем број на бодови се поканети да аплицираат за иселеничка виза.
Квебек има посебна програма за имиграција за оние кои сакаат да живеат и работат во оваа канадска покраина. Потребните документи се испраќаат до Владата на Квебек, која, во зависност од вашите погодности, ви го избира и доделува Quebec Selection Certificate (QSC) врз основа на кој имате право да аплицирате за иселеничка виза.
Семејното спонзорство е наменето за сопружниците, како и за децата кои живеат надвор од Канада, да дојдат во Канада и да живеат со семејството, т.е. со членот на семејство кој е нејзин постојан жител или државјанин.
Програмата за покраинска номинација е наменета за високообразовани и квалификувани работници чија професија се наоѓа на листата на дефицитарни професии за одредена територија или покраина, кои имаат намера да живеат и да работат во одредена канадска покраина и да се квалификуваат за постојан престој во неа.
Партнер и семејната виза за Канада му овозможува заминување и живот во Канада на брачниот или de facto партнер на канадскиот државјанин.
Повеќе деталиИселеничката виза на основа на квалификации им овозможува на квалификуваните работници заминување и работа во Канада.
Повеќе деталиПотребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?
Пополни го прашалникот