Доколку не сте сигурни во своето знаење на англискиот јазик и не сакате веднаш да запишете додипломски или постдипломски студии во Австралија или пак Ви е потребно време за да го усовршите јазикот и да се вклопите во новата средина, курсот по англиски јазик е идеална опција.
Исто така, постои можност и за комбинирање на курсеви, што претставува дополнителна погодност.
Школарините се движат од 350 до 400AUD на неделно ниво, додека нашите студенти можат да студираат поевтино по промотивни цени од 180 до 220AUD неделно, на приватните колеџи.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Елена ни помогна да ги реализираме нашите соништа и со радост ја препорачувме на сите кои размислуваат да студираат и да живеат во Австралија. Она професионално не водеше низ целата процедура и аплицирањето за виза и ни беше задоволство да соработуваме со неа.
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Елена е прекрасна личност која трпеливо одговара на сите прашања и која, иако не дава лажни надежи, секогаш зрачи со позитивна енергија и на тој начин додатно ви дава доверба.
Многу сум задоволен од професионалниот пристап на Елена. Помошта, советувањето и срдечноста беа на високо ниво за време на целиот процес на подготовката на документи за виза.
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот