За да студирате во САД потребна ви е студентска виза. Доколку во оваа земја сте запишале некој стручен програм (Vocational Training), или некоја друга неакадемска студиска програма, потребно е да аплицирате за (М) студентска виза. Ако сте запишале академски студии (основни, мастер или докторски студии) или курс по англиски јазик потребно е да аплицирате за (F) студентска виза.
Студентската (F и M) виза ви овозможуваат да студирате во Америка, но и да го доведете вашиот партнер со вас, како и децата кои имаат право да одат на училиште во САД. Со студентска виза, можете да работите на вашиот кампус пола работно време, до 20 часа неделно, во текот на семестарот и неограничено за време на распустите. Со одредени услови, по една година студирање, можете да побарате дозвола за работа со пола работно време надвор од кампусот. Студентската виза можете да ја продолжите ако сакате да го продолжите образованието или да аплицирате за Practical Training (за време или по вашите студии), што може да ви донесе драгоцено работно искуство во оваа земја.
Студентската виза се издава за времетраењето на студиите што сте ги запишале, но можете да влезете во САД само 30 дена пред почетокот на студиите и да останете во неа најмногу 60 дена по дипломирањето.
За студенска виза аплицирате преку Амбасадата на САД во вашата земја. Еден од чекорите во процесот на аплицирање е конзуларното интервју.
Таксата за обработка на апликацијата за студентска виза е 160УСД, а периодот за обработка на апликацијата варира од случај до случај. Периодот на чекање претставува време до закажаното интервју. Во одредени случаи на интервјуто, официрот може да побара дополнителна обработка што може да трае до 6 месеци.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Запишете курс по англиски јазик во Америка и усовршете го англискиот јазик на брз и лесен начин во земја на англиско говорно подрачје.
Повеќе деталиИнформирајте се што е потребно за упис на основни студии во Америка. Стекнете меѓународно призната диплома на некој од универзитетите во Америка.
Повеќе деталиИзберете некоја стручна (VET) програма во Америка, развијте практични и професионални вештини и олеснете го пронаоѓањето работа и напредокот во кариерата.
Повеќе деталиУсовршете го постоечкото знаење на некој од многубројните мастер програми, запишете мастер студии и продолжете го школувањето во Америка.
Повеќе деталиРазвијте го своето знаење во одрена област за понатамошна надоградба на квалификациите или проширување на професионалните способности, со упис на Graduate certificate и diploma во Америка.
Повеќе деталиДознајте све за уписот на докторски студии и стекнување на титула доктор на науки на PhD студии во Америка.
Повеќе деталиПотребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?
Пополни го прашалникот