FutureOption.net

Патување во Нов Зеланд

Патување во Нов Зеланд

Со својата чиста и зелена природа, прекрасните пејсажи и романтични плажи, Нов Зеланд е земја која го одзима здивот. Еднаш кога ќе се најдете “таму доле”, најтешка работа што ќе треба да ја направите е да одлучите која дестинација прво да ја посетите.

Кога да патувате

Климата во Нов Зеланд е генерално блага, се простира од суптропска на крајниот север до умерена на југот. Летото трае од декември до февруари, со температури од 21 до 32˚C, а зимата од јуни до август со температури од 1 до 15˚С. Иако Нов Зеланд има голема понуда на атракции и активности преку целата година, во овој рај за посетители најдобро е да патувате во период од пролетта до есента.

Места кои треба да ги посетите

Hobbiton

Фармата на кои се снимени филмските трилогии “Lord of the Rings“ и “The Hobbit“ се наоѓа на двочасовно возење јужно од Окленд. Оваа прекрасно селце, создадено во духот на средниот век, со над 44 хобитски куќички, вклучувајќи го и домот на Билбо Багинс, е спектакуларно место за посета на Нов Зеланд.

Пештерите Waitomo

Во срцето на Нов Зеланд, на Северниот остров, се наоѓа древен подземен свет каде што можат да се видат фасцинантни и необични природни чуда. Низ овој лавиринт од пештери течат подземни реки, а ѕидовите се осветлени од сјајни црви поради кои Waitomo представува една од најпопуларните атракции на Нов Зеланд. Пештерите можат да се посетат и пешки, али целата сцена најубаво е да се доживее на чамец.

Езерото Текапо

Езерото Текапо, со својата нереална млечно-тиркизна сина боја и прекрасен поглед на Јужните Алпи, е на тричасовно возење југо-западно од Кристчрч. Поради прекрасната глетка, езерото е убаво да се види во текот на денот, но ова е исто така атрактивна ноќна дестинација резервирана за љубителите на гледање ѕвезди.

Kaikoura

Овој живописен крајбрежен град е познат по вкусните јадења од ракови, но и по китовите, делфините и фоките што ги населуваат неговите брегови во големи групи. Посматрањето на морските цицачи, игрите на делфините, прошетките по обалата и излетите се доволна причина за двочасовно возење и еднодневно патување северно од Крајстчрч.

Туристичка (Visitor) виза за Нов Зеланд

Туристичкта виза наменета е за оние кои сакаат да го посетат Нов Зеланд рекреативно, семејно или деловно на период до 3, 6 или 12 месеци.

Повеќе детали

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот