FutureOption.net

Миграција во Австралија

Миграција во Австралија

Како мултикултурна земја, Австралија е позната по доброто однесување кон доселениците. Поради сите предности кои ги нуди, поврзани со животот, работата, природата, климата и забавата, многу луѓе сметаат дека Австралија е ветената земја. Доколку сакате засекогаш да се преселите во Австралија ќе Ви биде потребна иселеничка виза, која содржи повеќе различни категории.

Услови за заминување

Заминувањето во Австралија подразбира внимателно и детално планирање, водење на целосниот процес и исполнување на сите пропишани услови за добивање на иселеничка виза.

Овие визи Ви овозможуваат останување во Австралија засекогаш, живот и работа, спонзорирање на членовите на семејството за постојан престој во Австралија и аплицирање за австралиско државјанство, доколку исполнувате услови.

Skilled Migration Program

Владата на Австралија развила програма која има за цел да ги привлече мигрантите со искуство во областите во кои постои дефицит на квалификувана работна сила. Официјалниот назив на оваа програма е Skilled Migration Program, во чии рамки неопходно е да се исполнат одредени услови поставени од страна на австралиските миграциски служби. Тие услови се однесуваат на квалификациите, работното искуство и познавањето на англискиот јазик.

Партнерска миграциска шема

Австралиската партнерска миграциска шема им овозможува на државјаните на Австралија, на оние кои имаат виза за постојан престој во Австралија, како и на државјаните на Нов Зеланд да ги спонзорираат нивните партнери и истите да им се придружат во Австралија.

Список на дефицитарни професии

На Австралија ѝ се потребни квалификувани кадри и поради тоа, во согласност со миграциската шема за квалификувани работници, оваа земја секоја година го ажурира списокот на дефицитарни професии врз основа на потребите од пазарот на труд.

Доколку Вашата професија се наоѓа на овој список, исполнувате еден од условите за добивање на некоја од работните или иселеничките визи за Австралија.

Партнер виза за Австралија

Партнерската виза за Австралија му овозможува на брачниот или de facto-партнерот на австралискиот државјанин заминување и живот во Австралија.

Повеќе детали

Иселеничка виза за Австралија за квалификувани работници

Иселеничката виза на основа на квалификации им овозможува на квалификуваните работници заминување и работа во Австралија.

Повеќе детали

Вереничка (Prospective Marriage) виза за Австралија (поткласа 300)

Вереничка виза за Австралија му овозможува на брачниот или de facto-партнерот на австралискиот државјанин заминување и живот во Австралија.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?

Пополни го прашалникот