Швајцарија е една од најпрестижните европски дестинации за студирање. Студентите кои ги завршуваат своите студии во Швајцарија стекнуваат диплома која им отвора многу врати низ целиот свет. Постојат 41 високообразовна институција во Швајцарија, кои нудат над 3.000 програми, како на официјалните јазици во Швајцарија така и на англиски јазик. Еден од најнапредните образовни системи во светот, ценетите дипломи, стандардот и квалитетот на живот, како и мултинационалната средина секоја година привлекуваат се повеќе студенти во Швајцарија.
Во Швајцарија, академската година е поделена на 2 семестри, почнувајќи од септември, но студиите можат да се започнат и во февруари, додека некои образовни институции нудат повеќе почетни рокови во текот на годината.
Швајцарија има долга традиција на престижна студентска дестинација. Швајцарските образовни институции високо се рангираат на светските листи благодарение на врвното теоретско и практично образование што го нудат, можностите за истражување, врвните услови за работа итн. Предноста на Швајцарија се искусните предавачи и професори посветени на истражувачката работа кои на студентите им го пренесуваат знаењето кое што произлегува од нивното долгогодишното искуство.
Меѓународните студенти во Швајцарија имаат право да работат 15 часа неделно за време на студиите и полно работно време за време на распустите. На студентите од ЕУ/ЕЕЗ не им е потребна работна дозвола, додека студентите од трети земји можат да започнат со работа 6 месеци по отпочнувањето на студиите и кога ќе добијат работна дозвола. Студентите од трети земји имаат право да ја продолжат дозволата за престој на уште 6 месеци по завршувањето на студиите со цел да најдат работа и да аплицираат за работна виза.
Школарината на швајцарските институции зависи од тоа дали се запишува државен или приватен универзитет, каде се наоѓа образовната институција и за која студиска програма станува збор. На меѓународните студенти во Швајцарија им се нудат целосни и делумни стипендии кои можат да ги олеснат трошоците за студирање и живеење. Покрај државните стипендии, стипендии се нудат и од страна на образовните институции.
Швајцарија е една од земјите со најголеми инвестиции во истражување, во светот. Покрај тоа, оваа земја нуди одлични услови за истражување, како и најсовремена технологија и опрема. Швајцарските истражувачи бележат голем успех на меѓународно ниво, што привлекува значителни европски инвестиции. Фокусот на швајцарскиот систем кон истражување и иновации резултираше со 35 Нобелови награди, воглавном во областа на науката.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?
Пополни го прашалникот