За да можете привремено да живеете и работите во Канада потребна ви е работна виза. Постојат два основна типа на работна виза: Open Work Permit и Employer-Specific Work Permits.
Open Work Permit ви овозможува да работите за било кој работодавач во Канада.
Оваа работна виза може да биде:
Визи кои користат Open Work Permit
Сo Employer-Specific Work Permit можете да работите за одредени работодавачи во Канада. Генерално работодавачот треба да добие Labour Market Impact Assessment како апликантот би можел да аплицира за оваа виза.
Оваа виза ви овозможува привремено да престојувате и работите во Канада. Ако имате дефицитарна професија во Канада, ако имате доволно искуство и професионални вештини, работното искуство што ќе го стекнете додека престојувате во Канада на работна виза, може да ви помогне да аплицирате и за постојан престој во оваа земја.
Работна виза се издава за период на договорената работа со работодавачот, а најмалку на шест месеци.
За работна виза може да се аплицира преку официјалниот сајт на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC).
Таксата за обработка на апликацијата изнесува 255КАД, а просечното време на обработка е околу три недели.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?
Пополни го прашалникот