Поради високиот животен стандард и одличните можности за работа и напредокот во кариерата, Канада е привлечна земја за странските работници.
Како една од најбогатите земји во светот, со стабилна економија и високи приходи по глава на жител, Канада има релативно пониски трошоци за живот во однос на САД, Велика Британија и Австралија, како и пониски цени на недвижности, што ја прави примамлива дестинација за нови животни и работни почетоци. Според многу параметри, Обединетите нации ја имаат прогласено Канада за една од најдобрите држави за живот во светот.
Индустријата и економијата на Канада расте, а побарувачката за квалитетни работници е секогаш актуелна. Ако вашата професија е на листата на дефицитарни професии (National Occupational Classification (NOC)) имате поголеми шанси за пронаоѓање работа и вработување. За да аплицирате за работна виза потребно е добиете понуда за работа од страна на работадавач во Канада (номинација).
Најлесен начин да ги добиете сите потребни информации за понудата за работа, платите, условите за вработување и должностите што се очекуваат од вас како работник е Job Bank официјалниот сервис за пазарот на труд на канадската влада. Можете да побарате работа и на други сајтови како што се workopolis.com, ca.indeed.com, bestjobsca.com и сл.
Најплатените работни места во Канада се во областа на рударството, медицината, правото, бизнисот, финансиите, менаџментот и информатичката технологија. Просечната неделна плата во Канада во текот на 2018 година изнесуваше 1,279КАД.
Работната виза овозможува работодавците да спонзорираат работници од странство за одредени дефицитарни позиции. Ова е најчеста виза за вработување странски работници во Канада.
Повеќе деталиПотребна ви е помош за аплицирање за виза за Канада?
Пополни го прашалникот