FutureOption.net

Семејна виза за Америка

Семејна виза за Америка

Семејните визи (IR и F) се наменети за оние кои сакаат да се населат трајно во САД врз основа на врска со постојан жител или државјанин на САД, кој во овој случај е спонзор на нивната виза. Државјаните на САД можат да спонзорираат сопружници, деца, родители и браќа и сестри, а постојаните жители само сопружници и деца.

Во зависност од вашите семејни врски, како и од тоа дали спонзорот е државјанин или само постојан жител, ќе зависи и категоријата на иселеничката виза. Некои од овие категории имаат ограничен број на визи годишно.
Покрај овие, постои и вереничка виза (К-1) која е не-иселеничка, т.е. привремена, и која ви овозможува да патувате во САД за да склопите брак со својот вереник (вереница) кој е државјанин на САД.

Услови за семејна виза

  • Вашиот спонзор да има над 18 години и постојано живеалиште во САД, како и доволно приходи и средства, финансиски да ве поддржи (Изјава за поддршка).
  • Спонзорот да поднесе петиција за иселеничка виза преку Службата за имиграција на Америка (USCIS) и петицијата да биде одобрена (Образец I-130).
  • Пополнет образец DS-261 - за иселеничка виза.
  • Да имате валидни документи за да ги потврдите семејните врски и другите услови што може да ви бидат побарани.
  • Да исполнувате услови за лекарски преглед и вакцинација.

Што ви овозможува семејната виза

Семејната виза е наменета за спојување на семејстово: кога еден член на семејството е постојан жител или државјанин на САД, оваа виза им овозможува на другите членови да дојдат во САД и да живеат заедно, да работат и студираат. Семејната виза овозможува постојан престој, т.е. со неа станувате постојан жител, а подоцна со исполнување на одредени услови и државјанин на САД. Ако ви е одобрена петиција за иселеничка виза преку блиски сродници (брат или сестра кои се државјани на САД), членовите на вашето семејство (партнер и деца под 21 година) имаат можност да аплицираат за семејна виза со вас.

Времетраење на семејната виза

Семејната виза е иселеничка виза, а вереничката привремена. Вереничката виза ви овозможува да склопите брак со државјанин на Америка во рок од 90 дена од влезот во САД.

Аплицирање за семејна виза

За семејна виза се аплицира онлајн преку њеб страницата на Американската служба за миграција (USCIS). Амбасадата на САД во вашата земја понатаму ја процесира апликацијата за иселеничка виза што вклучува и конзуларно интервју.

Такса и време на обработка

Таксата за петиција за иселеничка виза изнесува 535УСД, таксата за апликација за семејна виза изнесува 325УСД, додека за вереничка виза изнесува 265УСД. Времето на обработка зависи од случај до случај посебно ако аплицирате за категорија на визи кои што имаат ограничен број на визи на годишно ниво.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот