FutureOption.net

Миграција во Америка

Миграција во Америка

САД е прва земја во светот по бројот на мигранти. Само во 2016 година, над еден милион мигранти добија постојан престој во оваа земја.

Може да добиете виза за иселување на неколку начини, преку спонзорство или преку некои од популарните програми, како што е Лотаријата за зелена карта. Во случај на спонзорство, спонзорот поднесува петиција за вашата иселеничка виза до Службата за имиграција на САД (USCIS).

Иселување на основа на сродство

Оваа категорија за иселување бара да бидете спонзорирани од американски државјанин или постојан жител на Америка. Постојат две основни категории на иселување врз основа на сродство - иселување преку директно сродство (роднини од прв степен) и иселување преку блиски сродници (браќа и сестри). За втората категорија на имиграција, како и за некои други подкатегории, бројот на визи на годишно ниво е ограничен.

Иселување на основа на работа

За оваа категорија за иселување потребно е да бидете спонзорирани од идниот работодавец од Америка. Законот за иселување и државјанство на Америка дозволува близу 140,000 визи годишно во оваа категорија. Постојат пет подкатегории за овој вид иселување. Во некои случаи, сопружниците и децата може да им се придружат на апликантите во овие категории.

Лотаријски визни програм (Diversity Visa program)

Во оваа релативно нова категорија за миграција, која постои од 1995 година, има околу 55.000 иселенчки визи годишно. За да учествувате во лотаријата за зелена карта, треба да пополнете онлајн бесплатна регистрација. Лотаријата се одржува еднаш годишно, воглавно во октомври, кога кандидатите се избираат по случаен избор кој понатаму можат да аплицираат за иселеничка виза. Со оваа програма управува Конзулрниот центар во Кентаки.

Семејна виза за Америка

Семејните визи (IR и F) наменети се за оние кои сакаат трајно да се населат во САД на основа на сродство со стален резидент или државјанин на САД, кој во овој случај ја спонзорира оваа виза.

Повеќе детали

Иселеничка виза за Америка

Иселеничката виза на основа на квалификации им овозможува на квалификуваните работници заминување и работа во Америка.

Повеќе детали

Потребна ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот