Живот и работа во Америка

Живот и работа во Америка

САД се уште се една од најпосакуваните дестинации за живеење и работа, за што најмногу допринесуваат високиот животен стандард и развиената економија. Можностите за работно искуство во оваа земја се бројни.

Услови за живот

Америка е огромна земја со разновидни можности и услови за живот, која од руралните до урбаните средини, нуди нешто за секого. Милиони имигранти кои имаат дојдено во САД од целиот свет, со својата култура и вредности, го прават животот во оваа земја уште поразновиден и возбудлив. Американската економија е најсилна во светот и е на врвот според стандардот на живеење и квалитетот на услугата.

Можности за работа и кариера

Американската економија, како една од најголемите светски економии, брзо се развива и напредува. Се карактеризира со диверзифицирано производство, голем национален пазар, но и огромно влијание врз политиката на светскиот пазар. Од сезонски до професионални работни места, САД имаат нешто за секого. За да добиете привремена работна виза, треба да имате одредено образование, професионално занимање или деловна понуда од американски работодавец.

Како до работа

Економскиот раст во наредниот период најмногу се очекува во секторите на индустријата, здравството и медицинската нега, кулинарството, сметководството, програмирањето и маркетингот. Најпопуларните сајтови за вработување во САД се CareerBoard, Indeed, Monster и USAJOBS.

Плати во Америка

Америка е земја со најголема просечна плата во светот. Највисоко платените професии се поврзани со медицината и медицинската нега, па затоа лекарите и фармацевтите обично имаат највисоки плати. Помеѓу добро платените работни места, со над 100.000 американски долари годишна плата, спаѓаат и програмерите и другите софтверски стручњаци, но и медицинските сестри. Во 2018 година, во некои делови на Америка, минималната плата по час се зголеми од 7,5 на 15 долари.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Работна виза за Америка

Работната виза овозможува работодавците да спонзорираат работници од странство за одредени дефицитарни позиции. Ова е најчеста виза за вработување странски работници во Америка.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот за виза