Бизнис во Австралија

Бизнис во Австралија

Австралија е модерна, развиена, стабилна, демократска држава со отворен, конкурентен и разновиден пазар, кој во голема мера поттикнува странски инвестиции, како и увоз и извоз.

Услови за деловна дејност

Економската моќ и одржливиот раст на Австралија ја прават истата привлечна, безбедна и нискоризична средина за деловна дејност.

Пред да започнете бизнис во Австралија, морате да се информирате како да ја добиете соодветната бизнис-виза, да ги запознаете австралиските закони, како и правата кои ги имате.

Инвестирање

Австралија изобилува со природни ресурси и високо квалификувана работна сила, што ја прави атрактивна земја за инвестирање. Врз растот на популарноста на Австралија како место за водење бизнис влијание имале и силната економија и глобалниот успех во клучните индустрии, како што се ресурси и енергија, финансиски услуги, образование и туризам.

Бизнис виза за Австралија

Бизнис визата за Австралија Ви овозможува да започнете бизнис, да купите постоен или да инвестирате во Австралија.

Повеќе детали

Потребна Ви е помош за аплицирање за австралиска виза?

Пополни го прашалникот за виза