По завршените студии во Австралија имате можност да аплицирате за Temporary Graduate виза (Post-Study Work) која ви овозможува привремено да останете и да работите во Австралија. Постојат два вида од оваа виза: Graduate Work Stream и Post-Study Work Stream.
Условите кои е потребно да се исполнат се:
Оваа виза Ви овозможува да останете во Австралија на одреден период по студирањето во кој можете да работите, студирате и патувате. Важно е да се напомене дека барате вработување сами за себе и дека австралиската влада не е одговорна за наоѓање на Вашата работа.
Graduate Work Stream Ви овозможува да останете во Австралија до 18 месеци, а Post-Study Work Stream Ви обезбедува престој од 2 до 4 години, сè во зависност од типот на студии кои сте ги завршиле во Австралија.
За Temporary Graduate виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.
Основната такса за изработка на апликацијата се движи од 1.730 AUD, а просечното време на обработка е, во зависност од типот, од 69 дена до 4 месеци.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Future Option тим работеше со мене на добивањето студентска виза за Австралија. Во текот на целиот процес тие беа многу ефикасни и професионални. Елена Симиќ со внимание го следи процесот и внимава на сите детали со цел кандидатот да има што поголеми шанси за добивање на виза. Топло ја препорачувам Елена и нејзиниот тим.
Многу професионални, брзи во подготовка на апликацијата, достапни преку телефон и мејл во секое време и пријатни за работа!
Би сакал да у се заблагодарам на Елена за одличната соработка во текот на целиот проце. Ова е голем чекор за мене и во секој момент имав имав целосна поддршка од страна на Елена.
Елена беше со мене уште од првиот ден на нашите консултации, ми даваше практични совети и ми помогна неизмерно за време на оваа голема авантура. И благодарам на Елена за позитивната енергија и успешната соработка.
Голема благодарност до Елена Симиќ и Future Option за остварување на мојот сон да студирам во Австралија. Професионален пристап во секој дел од процедурата за студентска виза. Со многу посветеност и трпение одговара на сите прашања. Секоја пофалба за Елена Симиќ и Future Option!
Агенцијата Future Option е една од најдобрите агенции во посредувањето за добивање на австралиска виза. Добивате целосна поддршка од агентот Елена Симиќ и целата нејзина екипа. Професионални се во својата работа и во секое време ви стојат на располагање.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Австралија?
Пополни го прашалникот