FutureOption.net

Иселеничка виза за Америка

Иселеничка виза за Америка

За да имигрирате во САД врз основа на вработување, т.е врз основа на вашите стекнати образовни и професионални вештини ќе ви биде потребна (Е) иселеничка виза (Employment-Based Immigrant Visa). Бројот на овие визи на годишно ниво е ограничен.

Оваа категорија за иселување потребно е прво идниот работодавец да поднесе петиција за иселување преку Службата за имиграција на САД. Ова не се однесува на лица кои постигнале извонреден успех во областа на науката, образованието, уметноста, бизнисот и атлетиката. Овие лица можат самостојно да поднесат петиција за имигрантска виза (Образец I-360) и да побараат вработување по добивањето на иселеничката виза.

Постојат неколку подкатегории за овој вид иселување:

  • (Е1) виза - За лица со извонредни способности,
  • (Е2) виза - За лица со високо образование, професионалци и лица со извонредни способности во својата индустрија,
  • (Е3) визи - За квалификувани, неквалификувани и други работници,
  • (Е4) виза - За специјални мигранти,
  • (E5) виза - За инвеститори.

Услови за иселеничка виза

  • Вашиот работадавач да има поднесена петиција за вашата иселеничка виза преку Службата за имиграција на САД (USCIS) и истата е да е одобрена (Образец I-140).
  • Пополнет образец DS-261 за иселеничка виза.
  • Да имате важечки документи и дипломи кои можат да ви бидат побарани на интервјуто.
  • Да исполнувате услови кои се однесуваат на лекарски преглед и вакцинација.

Што овозможува иселеничката виза

Иселеничките визи засновани на вработување ви овозможуваат да станете постојан жител на САД, т.е. да добиете постојан престој во оваа земја, да живеете и работите во неа. Ако ви е одобрена петицијата за иселеничка виза, членовите на вашето семејство (партнер и деца под 21 година), исто така, можат да аплицираат за иселеничка виза. Во одредени услови, оваа виза може подоцна да ви помогне да стекнете државјанство на САД.

Времетраење на иселеничката виза

Иселеничката виза е трајна виза.

Аплицирање за иселеничка виза

За иселеничка виза се аплицира онлајн преку Службата за имиграција на САД (USCIS). Амбасадата на САД во вашата земја понатаму ги процесира апликациите за иселеничка виза што го вклучува и конзуларното интервју.

Такса и време на обработка

Таксата за иселеничка виза изенсува 345УСД, а времето на обработка зависи од случај до случај бидејќи оваа категорија се нуди со ограничен број на визи на годишно ниво.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Америка?

Пополни го прашалникот