Иселеничка виза за Нов Зеланд

Иселеничка виза за Нов Зеланд

Доколку имате намера трајно да се населите во Нов Зеланд како квалификуван работник и да, со своето знаење и вештини, допринесете за развојот на новозеландската економија ќе ви биде потребна иселеничка виза (Resident visa). За оваа виза можете да аплицирате преку Skilled Migrant Category програмата.

Услови за иселеничка виза

  • Да имате помалку од 55 години.
  • Да имате потребни образовни квалификации, професионални вештини и работно искуство во област за која постои недостаток на работници во Нов Зеланд или вашата професија да се наоѓа на листата на дефицитарни професии.
  • Изјава за интерес (Expression of Interest (EOI)).
  • Да исполнувате услови за познавање на англискиот јазик.
  • Да не сте осудувани или кривично гонети.
  • Да сте во добра здравствена состојба.

Expression of Interest (EOI)

Преку Skilled Migrant Category програмата се бодуваат сите ваши вештини, но пред него што аплицирате за иселеничка виза потребно е да поднесете Изјава за интерес (Expression of Interest (EOI)). Со ова потврдувате на имиграционата служба на Нов Зеланд дека сакате да бидете земени во вид за иселеничка виза. Доколку соберете доволен број на бодови ќе бидете поканети да аплицирате за иселеничка виза, во рок од 4 месеци.

Што овозможува иселеничката виза

Доколку ги исполните сите услови, оваа виза ви овозможува трајно да се населите во Нов Зеланд како нивен постојан жител, а потоа и да аплицирате за новозеландско државјанство. Со оваа виза можете да живеете, работите и студирате во Нов Зеланд. На вашата апликација можете да ги додадете вашите членови на семејството (вашиот партнер/ка и деца помлади од 24 години).

Времетраење на иселеничата виза

Иселеничата виза е трајна виза.

Аплицирање за иселеничка виза

За иселеничката виза можете да аплицирате онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Нов Зеланд.

Такса и време на обработка

Таксата за Expression of Interest (EOI) изнесува 530НЗД, а обработката трае од 2 до 3 недели. Таксата за обработка на апликацијата за иселеничка виза изнесува 3,310НЗД, а просечното време на обработка изнесува 10 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот за виза