Канада е економски силна земја во развој, со отворен, конкурентен и развиен пазар. Покрај тоа што имаат потреба од квалитетни работници, Канада привлекува и претприемачи и бизнисмени како постојани жители.
Бизнис имигрантите можат да добијат постојан престој во Канада на два начина: како претприемачи (Start-up Visa) или како самовработени (Self-Employed Persons). Овие се две релативно нови канадски програми за имиграција на население од бизнис класа. Првата програма е за оние кои сакаат трајно да се населат во Канада за да започнат свој бизнис, а втората е за истакнати културни работници или спортисти кои сакаат да дадат значаен придонес во културниот и спортскиот живот на Канада.
Списанието Форбс ја рангираше Канада како најдобра земја во Г-20 за започнување и развој на приватен бизнис. Ниските даноци и ниските трошоци при започнување на бизнис придонесуваат за создавање поволно деловно опкружување. Канада е земја која поттикнува деловни иновации, поддржува научни таленти и истражувачки проекти и нови идеи, а пред сè има висок животен стандард, што ја прави идеална земја за деловен напредок.
Бизнис визата за Канада овозможува да започнете бизнис, да купите постоечки или да направите инвестиција во Канада.
Повеќе деталиПотребна ви е помош за аплицирање за виза за Канада?
Пополни го прашалникот