FutureOption.net

Студентска виза за Швајцарија

Студентска виза за Швајцарија

Студентска виза не е потребна за студенти кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ и Европската економска зона. Студентите од трети земји кои сакаат да студираат во Швајцарија повеќе од 3 месеци мора да имаат национална виза. Сите меѓународни студенти кои планираат да студираат повеќе од 3 месеци, мора да аплицираат за дозвола за престој по пристигнувањето во Швајцарија.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишани на студии на образовна институција во Швајцарија и да имате платена школарина
  • Да имате соодветно ниво на образование за студиите кои ги запишувате
  • Да имате доволно ниво на познавање на јазикот на кој се изведува наставата
  • Да докажете дека сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и престој во Швајцарија
  • Да докажете дека вашиот мотив е привремен престој и студирање во Швајцарија
  • Да имате соодветно здравствено осигурување
  • Да имате организирано сместување за периодот на студирање

Што овозможува студентската виза

Студентска виза за Швајцарија ви овозможува да студирате во една од најпрестижните студентски дестинации, во врвни услови и на некои од најценетите образовни институции. Исто така ви овозможува да студирате на повеќе европски јазици. Меѓународните студенти во Швајцарија имаат право да работат 15 часа неделно за време на студиите и полно работно време за време на одморите. Студентите од трети земји можат да започнат со работа 6 месеци по започнувањето на студиите и кога ќе добијат работна дозвола.

Времетраење на студентската виза

Студентската виза се издава на период до една година, а ја заменува дозволата за престој која се издава на период на траењето на студиите или на една година со можност за продолжување.

Аплицирање за студентска виза

Апликацијата за студентска виза се поднесува во дипломатската мисија на Швајцарија во земјата на престој, додека апликацијата за дозволата за престој се поднесува во кантоналната канцеларија за странци најдоцна 14 дена по влегувањето во земјата.

Такси и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата изнесува 80 ЕУР. Просечното време на процесирање на апликацијата е помеѓу 8 и 10 недели.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?

Пополни го прашалникот