FutureOption.net

Студентска виза за Холандија

Студентска виза за Холандија

Студентската виза не е потребна за студенти кои сакаат да студираат во Холандија и доаѓаат од земјите членки на Европската унија, Европската економска област и Швајцарија. Студентите кои доаѓаат од трети земји и сакаат да студираат повеќе од 3 месеци мора да имаат студентска виза, а по пристигнувањето во Холандија, мора да аплицираат за дозвола за престој.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишани на студии на акредитирана образовна институција во Холандија
  • Да имате соодветно ниво на образование за студиите кои ги запишува
  • Да имате доволно ниво на познавање на јазикот на кој се студира
  • Да сте финансиски способни да ги покриете трошоците за студирање и престој во Холандија
  • Да докажете дека вашиот мотив за заминување во Холандија е студирањето и зошто ви се потребни студиите кои што ги запишувате
  • Да имате соодветно здравствено осигурување

 

Што овозможува студентската виза

Студентската виза за Холандија ја отвора вратата за стекнување вредно образование и ценета диплома во уникатно мултинационално опкружување. Со студентската виза може да се работи во Холандија. За студенти од ЕУ/ЕЕЗ и Швајцарија нема ограничувања во поглед на то аколку може да се работи и не е потребна работна дозвола, додека студентите од трети земји можат да работат 16 часа неделно за време на нивните студии или полно работно време во текот на летниот распуст и потребна е работна дозвола.

Времетраење на студентската виза

Студентска виза се издава на период од 3 месеци. По истекот, ја заменува дозволата за престој која што се издава на период  колку што траат студиите плус 3 месеци од завршувањето на студиите.

Аплицирање за студентска виза

Постапката за студентска виза ја започнува образовната институција која што ја запишува студентот. Процедурата за дозвола за престој може да иде преку образовната институција или студентот може да аплицира самостојно по пристигнувањето во Холандија.

Такси и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата генерално е 174ЕУР, сепак може да варира во зависност од образовната институција. Просечното време на обработка на апликацијата е до 2 месеци.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за ЕУ?

Пополни го прашалникот