FutureOption.net

Post-Study Work виза за Нов Зеланд

Post-Study Work виза за Нов Зеланд

Post-Study Work визата е наменета за оние кои по завршувањето на студиите во Нов Зеланд, сакаат да живеат и работат во оваа земја некое време.

Услови за Post-Study Work виза

  • Да имате завршено студии во Нов Зеланд
  • (Посебни услови за стручните програми: да имате завршено програм со минимално времетраење од 60 недели, или два стручни програми со времетраење од по 30 недели)
  • Да сте поднеле апликација за виза во период до 3 месеци од завршетокот на студиите
  • Да имате доволно финансиски средства за животните трошоци во Нов Зеланд
  • Да не сте осудувани или кривично гонети
  • Да сте во добра здравствена состојба

Што овозможува Post-Study Work визата

Оваа виза ви овозможува да работите во Нов Зеланд одреден временски период, во вашата или некоја друга струка. Ако сте во Нов Зеланд со семејството, вашиот партнер/ка има можност да аплицира за работна виза, а вашите деца да се школуваат по истите услови како домашните студенти.

Времетраење на Post-Study Work визата

Во зависност од траењето на студиите во Нов Зеланд, Post-Study Work визата се издава на период од една, две или три години.

Аплицирање за Post-Study Work виза

За Post-Study Work визата се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Нов Зеланд.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата изнесува 495НЗД, а просечното време на обработка на апликацијата е 27 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?

Пополни го прашалникот