Post-Study Work визата е наменета за оние кои по завршувањето на студиите во Нов Зеланд, сакаат да живеат и работат во оваа земја некое време.
Оваа виза ви овозможува да работите во Нов Зеланд одреден временски период, во вашата или некоја друга струка. Ако сте во Нов Зеланд со семејството, вашиот партнер/ка има можност да аплицира за работна виза, а вашите деца да се школуваат по истите услови како домашните студенти.
Во зависност од траењето на студиите во Нов Зеланд, Post-Study Work визата се издава на период од една, две или три години.
За Post-Study Work визата се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Нов Зеланд.
Таксата за обработка на апликацијата изнесува 495НЗД, а просечното време на обработка на апликацијата е 27 дена.
* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.
Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.
Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Нов Зеланд?
Пополни го прашалникот