FutureOption.net

Туристичка (Visitor) виза за Канада

Туристичка (Visitor) виза за Канада

Туристичката (Visitor) виза е потребна ако имате намера да патувате во Канада од следниве причини:

  • Туристичка посета, одмор и рекреација.
  • Транзит преку Канада.
  • Деловна посета, деловни обврски и преговори или учество на конференции.
  • Семејни посети на деца и внуци кои се државјани на Канада или нејзини постојани жители (Super Visa).

На жителите на одделни земји од нашиот регион (Словенија, Хрватска, Унгарија ...) не им треба туристичка виза за да ја посетат Канада, туку Electronic Travel Authorization (eTA).

Услови за туристичка виза

  • Да планирате да останете привремено во Канада.
  • Да имате доволно финансиски средства да ги покриете трошоците за време на престојот.
  • Да немате намера да работите во Канада.
  • Да исполнувате одредени услови кои се однесуваат на биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.
  • За деловна и фамилијарна посета потребно е да приложите позивно писмо од потенцијалниот деловен партнер, односно од членовите на вашето семејство или роднините кои сакате да ги посетите.
  • За семејна посета е услов за доказот за минималниот приход на средства на семејството кај кое патувате, како и доказ за нивното здравствено осигурување на една година.

Што овозможува туристичката виза

Туристичка виза ви овозможува да патувате и привремено да престојувате во Канада поради туристичка, деловна или семејна посета. Со оваа виза немате можност да работите или студирате во Канада, но имате право да посетувате курс по англиски или француски јазик на период до шест месеци.

Времетраење на туристичката виза

Туристичка виза може да се издаде на период до 10 години, а со оваа виза во Канада обично можете да престојувате на период до 6 месеци. Секако имиграционата служба одлучува на кој период ќе ви биде издадена визата и колку можете да престојувате во Канада.

Аплицирање за туристичка виза

За туристичка виза се аплицира онлајн преку официјалниот сајт на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC).

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за туристичка виза вкупно изнесува 185КАД (100КАД такса за обработка + 85КАД за давање на биометриски податоци), а просечното време на обработка е 10 дена.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот