FutureOption.net

Партнер и фамилијарна виза за Канада

Партнер и фамилијарна виза за Канада

Family Sponsorship е иселенички програм на Канада наменет за спојување со семејството.

Во овој случај, спонзорот е член на семејство (партнер или родител) кој е постојан жител на Канада, а визите се наменети за неговиот брачен и вонбрачен партнер/ка и нивните деца, кои немаат статус на постојан жител.

Владата на Квебек има свои посебни правила за семејните визи и, под ист стрим, ги дозволува сите горе наведени спонзорства, како и спонзорство на брат, сестра и други блиски роднини.

Услови за спонзорирање на семејни визи

  • Да имате над 18 години и да сте постојан жител на Канада
  • Да сте вработени, да не примате социјална помош и да имате доволно финансиски средства за основните животни потреби за секој член од вашето семејство.
  • Да имате важечки документи со кои можете да ја потврдите семејната врска (извод од матичната книга на родените, венчаница или некои други докази и документи).
  • Да вашиот партнер има над 18 години, односно вашето дете да има помалку од 22 години и да нема засновано брачна или вонбрачна заедница.
  • Да не сте кривично гонети или осудувани.
  • Членовите на вашето семејство да исполнуваат други барања кои се однесуваат на биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.

Што ви овозможува семејната виза

Ако сте постојан жител на Канада и вашето семејство живее во друга земја, семејната виза им овозможува на членовите на вашето семејство да дојдат во Канада, да живеат со вас, да работат или да студираат. Оваа виза им обезбедува постојан престој во Канада. За семејна виза и постојан престој на членовите на вашето семејство можете да аплицирате и ако они привремено живеат со вас во Канада. Во текот на овој процес, вашиот партнер/ка може да аплицира и за работна дозвола (Open Work Permit). Ако ги исполнувате сите други услови, по некое време може да поднесете барање за канадско државјанство.

* Future Option е консултантска агенција која обезбедува стручна помош при аплицирање за привремени визи кои ви овозможуваат посета и студирање, како и за веренички и партнер визи за Австралија кои ви овозможуваат траен престој.
* Информациите на страницата, поврзани со работа или миграција во странство, се само за информативни цели.

Одрекување од одговорност: Future Option не се занимава со посредување и наоѓање на работа во странство. Future Option не е агент за вработување или давател на услуги за вработување. Future Option не нуди консултантски услуги за работа во странство.

Потребна Ви е помош за аплицирање за виза за Канада?

Пополни го прашалникот